Роскосмос ја прекинува соработката со европските партнери

Сподели со своите пријатели

Како одговор на санкциите на Европската унија, руската вселенска агенција Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери на космодромот Куру во Француска Гвајана, изјави денеска директорот на Роскосмос, Дмитри Рогозин.

Loading...

„Како одговор на санкциите на Европската унија против нашите компании, Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери за прашањето за организирање вселенски летови од космодромот Куру“, посочи Рогозин, пренесе ТАС С.

Тој исто така преку каналот Телеграм рече дека Русија ќе го повлече техничкиот персонал од Француска Гвајана.