Роскосмос ја повика НАСА и другите партнери да ги укинат санкциите

Сподели со своите пријатели

Роскосмос испрати апел до своите партнери на Меѓународната вселенска станица, барајќи да се укинат санкциите против компаниите на корпорацијата, изјави денеска извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

„Државната вселенска корпорација Роскосмос испраќа писмен апел до своите партнери во Меѓународната вселенска станица, Националната аеронаутичка и вселенска администрација на САД (НАСА), Канадската вселенска агенција и Европската вселенска агенција, барајќи да ги укинат нелегитимните санкции против нашите компании“, изјави Рогозин на Телеграм, пренесува ТАСС.

 

Во понеделник Русија го забранува Инстаграм

 

Како одговор на санкциите на Европската унија, руската вселенска агенција Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери на космодромот Куру во Француска Гвајана кон крајот на февруари.

– Како одговор на санкциите на Европската унија против нашите компании, Роскосмос ја прекина соработката со европските партнери во врска со организацијата на вселенски летови од космодромот Куру – истакна Рогозин, а пренесе ТАСС.

Тој исто така преку каналот Телеграм тогаш изјави дека Русија ќе го повлече техничкиот персонал од Француска Гвајана.