Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека американскиот астронаут, кој се наоѓа во руската вселенска капсула, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што беше планирано.
Ваквата изјава доаѓа откако некои американски медиуми претходно изразија сомнеж за враќањето на американскиот астронаут Марк Ванде Хеј во околностите на воведените санкции кон Русија поради ситуацијата во Украина, потсетува руската агенција ТАСС.
Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)
„Американскиот астронаут Марк Ванде Хеј ќе се врати на 30 март во вселенското летало Сојуз МС-19 со руските државјани Антон Шкаплеров и Петро Дубров.
„Роскосмос никогаш не дозволил никој да се сомнева во неговата веродостојност како партнер“, соопшти прес-службата на Роскосмос.
Корпорацијата исто така нагласи дека безбедноста на вселенскиот екипаж отсекогаш била приоритет на Роскосмос.
Претходно, генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на својот канал на Телеграм објави извадок од емисијата „Фокс њуз“ во која се наведува дека Русија би можела да го остави американскиот астронаут во вселената.

