Ромската заедница во Куманово поканета да се запознае со бесплатната правна помош

Сподели со своите пријатели

За да се зголеми свеста кај граѓаните на Северна Македонија – особено кај припадниците на ромската заедница – за процесот на граѓанска документација и поддршката што е достапна преку системот за бесплатна правна помош, информативна сесија ќе се одржи во  13:00ч во општина Куманово (поранешна Комитет).

Loading...

Информативната сесија, насловена „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се!“, е организирана од заедничките проекти на ЕУ и Советот на Европа „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ и „Интеграција на Роми – Фаза III“. Настанот се одржува во соработка со Македонското здружение на млади правници, Министерството за правда на Северна Македонија, овластени здружнија на граѓани и правни клиники кои обезбедуваат бесплатна правна помош.

Информативната сесија, „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се! е дел од серија активности за подигнување на свеста, кои имаат за цел да го промовираат процесот на граѓанска регистрација и користењето на услугите за бесплатна правна помош во Северна Македонија, особено кај припадниците на ромската заедница. Вакви активности ќе се организираат во различни општини, за да им обезбедат на што е можно повеќе граѓани, детални информации за тоа каде и како може да побараат бесплатна правна помош, кои субјекти ја обезбедуваат и како овој механизам може да помогне во процесот на граѓанска регистрација.

Пред и за време на настаните, ќе бидат поставени штандови со информации за бесплатна правна помош на отворено, во деловите на општината каде граѓаните најмногу циркулираат. Граѓаните ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн. Информативните активности од ваков тип ќе бидат организирани во седум општини низ Северна Македонија од 5 до 15 мај. Тие имаат за цел да ја зголемат свеста за граѓанската регистрација и бесплатната правна помош кај жителите на локалните заедници – особено меѓу ромската популација. Овие активности ќе ги промовираат услугите за бесплатна правна помош со посебен осврт на ранливите групи, вклучувајќи жени, деца и недокументирани лица.

Иницијативата за подигање на свеста кај граѓаните за користењето на бесплатната правна помош, спроведена од 2020 година во Северна Македонија со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, има за цел да ги промовира услугите за бесплатна правна помош како достапен и функционален механизам, нудејќи ефикасна правна заштита на граѓаните и, најважно, обезбедувајќи еднаков пристап до правда за оние лица кои поради финансиската состојба, тоа не можат да си го дозволат.