Романскиот претседател Никусор Дан изјави дека неговата земја нема да сместува нуклеарни компоненти на своја територија.
„Како земја на НАТО, Романија е под нуклеарниот чадор на НАТО што го обезбедуваат САД. Оваа заштита не подразбира присуство на нуклеарни елементи на романска територија. На среден рок, поставувањето нуклеарни компоненти е исклучено“, рече Дан, објави Ројтерс.
Порано оваа недела, претседателот Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го прошири својот нуклеарен арсенал и потенцијално ќе им дозволи на европските партнери да сместуваат француски воени авиони во мисии за нуклеарно одвраќање.
Франција и Германија формираа група за управување со нуклеарно оружје за да разговараат за прашањата за одвраќање и да започнат конкретна соработка оваа година.
Макрон изјави дека Грција, Полска, Холандија, Белгија, Данска и Шведска би можеле да учествуваат во француските нуклеарни „воени игри“, според Ројтерс, додавајќи дека во вторник, Романија објавила дека е поканета на разговорите, според Танјуг.

