Во рамките на програмата за одбележување 500 години од постоењето на Куманово, денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи „Рома Фешн“ и Фестивал на ромскиот фолклор „Јекипе – Единство“.
Loading...
Настанот е во организација на Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово, а започнува во 18 часот.
На манифестацијата покрај домаќинот ќе учествуваат и РКЕЦ „Тернипе“ – Делчево, КУД „Јени Јол“ од Скопје, Сојуз на ромски друштва од Република Србија, КУД „Тернипе“ од Битола и КУД „Рома Перспектив“ од Прилеп.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.