Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција

Сподели со своите пријатели

Германија ќе може да ѝ обезбеди на Украина поголем дел од претходно ветените четири милијарди евра, дури и ако буџетот за 2025 година не биде одобрен навреме во услови на колапс на владејачката коалиција, пишува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од Комисијата за буџет на Бундестагот и неколку други службеници.

Loading...

Според нив, овие средства може да ѝ се обезбедат на Украина во рамките на привременото управување со буџетот, доколку самиот буџет не биде усвоен.

Планираната германска помош за Украина за 2025 година изнесува четири милијарди евра, што е двојно помалку од приближно осумте милијарди колку што изнесуваше оваа година, пренесува Хина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили со дронови ја нападнаа енергетската инфраструктура во областа Николаев

Берлин се надева дека Украина ќе може да ги задоволи поголемиот дел од своите воени потреби со помош од 50 милијарди евра заеми од замрзнатите руски средства одобрени со форматот Г7.

Разрешен е министерот за финансии

Во средата германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, лидер на Слободната демократска партија, која е дел од владината коалиција, поради спор околу економската и финансиската политика.

Линднер предложи коалициските партнери да се договорат за одржување на вонредни парламентарни избори во земјата на почетокот на 2025 година.

На 15 јануари 2025 година Шолц во парламентот ќе го постави прашањето за доверба на владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владимир Кличко: Џо Роган ја шири пропагандата на Путин (ВИДЕО)

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека колапсот на владината коалиција не е крај на светот и изрази подготвеност да го распушти Бундестагот за да се отвори пат за вонредни парламентарни избори во Германија.

Loading...