Директорот на руската државна вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин ѝ се закани на Црна Гора со интерконтинентални балистички ракети, наведувајќи дека Црна Гора ја изневерила заедничката историја.
Рогозин се огласи на Твитер откако Црна Гора го забрани летот на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој планираше да ја посети Србија.
„Знаете за што е добар Сармат? Нема да бараат согласност да летаат од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци кои ја предадоа нашата заедничка историја“, напиша Рогозин.
„Сармат“ е името на руската интерконтинентална балистичка ракета.
Своевремено, додека беше потпретседател на руската влада задолжен за вооружување, Рогозин рече дека Црна Гора ќе зажали за одлуката да влезе во НАТО.
Демократскиот фронт го покани Рогозин да ја посети Црна Гора во 2016 година, а Министерството за надворешни работи тогаш соопшти дека тоа не е можно бидејќи Рогозин е на списокот на руски државјани на кои не им е дозволен влез во Црна Гора, врз основа на позицијата на владата да наметне санкции кон Русија.
Како што тогаш беше соопштено од МНР, Рогозин го поканил еден од лидерите на ДФ, Милан Кнежевиќ, да ја посети Црна Гора, без никакви консултации со надлежните органи.