Роднините на загинатите во несреќата во Русија ќе добијат помош од 20.000 евра

Сподели со своите пријатели

Роднините на две лица кои загинаа во железничка несреќа во Русија ќе добијат осигурување од 20.000 евра и исто толку од Руски железници.

Loading...

Лицата кои се хоспитализирани ќе добијат по 10.000 евра, а останатите повредени 5.000, објави денеска Риа новости.

Вчера девет вагони на патнички воз излетаа од шините во автономната република Коми.

Според гувернерот Владимир Ујба, возот превезувал 195 патници и 20 железничари.

Според последните податоци, 10 лица се хоспитализирани.

Руските железници соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени тела на две лица и дека е во тек потрагата по уште еден патник.