Неверојатната приказна за Јапонецот Таихеи Кобајаши ги воодушеви сите во светот затоа што некако во својата основа има порака дека човекот никогаш не треба да се откажува од она во што верува и од она што го сака.
Кога имал 17 години, Таихеи завршил на улица. Родителите го избркале од куќата затоа што тој не се запишал во престижно средно училиште, туку сакал да свири во бенд. Останал целосно сам.
Тој шетал по улиците, спиел во оддалечените делови на градот, дури и во импровизирани контејнери. Сепак, за сето тоа време, тој не престанал да свири со своите пријатели.
– Зимите беа ледени, бев очаен, но не планирав да се вратам дома. Родителите ме избркаа и тоа беше сè за мене. Не сакав да се вратам на училиште, туку да си го оформам сопствениот живот. Можев да умрам, спиев надвор на снег, но дури и тоа беше подобро за мене отколку да живеам според правилата на моите родители – рече Таихеи.
На улица случајно се сретнал со менаџер пред клубот, кој забележал дека може да свири, но и дека е бездомник.
Се сожалил за Таихеи. Му понудил работа во клубот и му дозволил да спие таму. Така, Кобајаши живеел и работел во ноќен клуб во следните 6 години.
Кога конечно се откажал од активната музика, во весникот видел оглас кој барал млади и амбициозни луѓе кои имаат „кликер“.
За да бидат прифатени во компанијата, тие морале да решат разни задачи – логички, математички, тест за интелигенција и многу други работи.
Таихеи се истакнал и се вработил како софтверски инженер.
Тој сè уште немал контакт со неговите родители. Со неговиот колега Макот Хираи, тој напредувал со текот на времето и одлучил да основа своја компанија „Сан“.
Поради работата, тој дури се пресели во Виетнам во 2013 година – идејата била да се ангажираат инженери кои ќе им помогнат на разни јапонски стартап компании да го оживеат својот бизнис.
– Одлучивме да помогнеме по секоја цена, дури и ако понекогаш оди на наша штета – рече Кобајаши, кој денес има 70 престижни клиенти.
Кобајаши се вратил во Јапонија во 2019 година и до ден денес не го обновил контактот со неговите родители, што е несфатлива работа за Јапонците, бидејќи постарата популација е најпочитувана.
Тоа само покажува колку не им простил што го исфрлиле на улица и не ги поддржале одлуките што на крајот го направиле милионер.