Родители закопале живо дете убедени дека е опседнато од лоши духови!

Сподели со своите пријатели

Девојче од неполни три недели е спасено од гроб во кој била жива закопана во индискиот град Шајаханпур, објави Дејли мејл.

Loading...

Локалните жители во вечерните часови слушнале детски плач што доаѓал од под земјата. Брзо го откопале и го однеле бебто во болница каде му е стабилизирана состојбата.

Во ладната земја бебето поминало околу три часа.

„Поминував во близина на рибникот околу седум часот навечер кога слушнаб како плаче бебе. Нејзините крици ме донесоа до местото на кое била закопана. Брзо ја ископав змејата и ја најдов жива“ – раскажал Дармендра Кумар, човекот што го спасил детето од сигурна смрт.

Кумар веднаш го однел бебето во болница и го пријавил случајот во полиција.

„Тоа е толку сурово дело. Не можам да верувам дека некој може да остави бебе на вакво ладно време“ – додава спасителот на детето.

Полициската истрага открила дека таткото (30) и мајката (28) го погребале своето третородено дете заедно со двајца роднини по налог на локалниот шаман кој тврдел дека бебето е опседнато од зли духови?! Полицијата соопшти дека покрај таткото уапсени се и роднините што помагале во делото и шаманот, а мајката е во бегство.

„Бебето го погребала тетеката, откако родителите ја замолиле да го стори тоа. На овој суриов чекор се одлучиле по наговор на шаманот кој тврдел дека девојчето е опседнато и дека нејзиното присуство во куќата може на сите да им го уништи животот“ – соопштиле од локалната полиција.

Loading...