Дваесет и седумгодишна пациентка од Куманово, која завчера се породила на Клиниката за гинекологија во Скопје е позитивна на коронавирусот, пренесе Фокус.
Loading...
Според директорката Викторија Јовановска, пациентката е породена предвреме во осмиот месец и истата ќе биде префлена на Клиниката за инфективни болести. Бебето е на интензивна нега и е стабилно.
Пациентката била спроведена преку посебен влез на клиниката и изолирана од останатите.
Инаку, Куманово изминатите постојано бележи нови случаи позитивни на коронавирусот. Досега се регистрирани 47 случаи, од кои двајца починаа.
Никола Ивановски