Султана Ашик од Велика Британија, која предвреме родила близнаци додека беше во кома поради Ковид-19, им порачува на трудниците да се вакцинираат.
На интензивна нега поминала вкупно 46 дена. Нејзините девојчиња се родиле додека била во кома, а лекарите се бореле да ја спасат. По породувањето, близнаците останале во породилното одделение, а состојбата на Султана се влошила и била префрлена на лекување во друга болница.

„Ако родив близнаци, каде се сега?“, се сеќава на првите моменти по будењето и разделбата од новородените ќерки. 34-годишната Султана ги советува трудниците да се вакцинираат.
Таа не можела да го стори тоа во февруари 2021 година, бидејќи во тоа време во Велика Британија немало вакцини за луѓе на нејзина возраст. Британскиот кралски колеџ за акушери и гинеколози и британската национална здравствена служба бележат зголемен број на заразени трудници и апелираат да се вакцинираат.

