Родила 4 бебиња за 11 месеци во екот на пандемијата: „Мојот сопруг не веруваше што ни се случува“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Шефилд, Англија, едно семејство се зголеми за четири члена за време на пандемија на коронавирус.

Loading...

Џесика Причард (31) била двапати бремена за време на пандемијата – првиот пат кога добила ќерка, Миа, а потоа дознала дека очекува тројки.

– Беа вртоглави 12 месеци, имав дете за време на рестриктивните мерки, а потоа уште три бебиња – изјави Причард, која работи во локалното основно училиште, пренесува New York Post.

Иако вели дека претходните 12 месеци биле исцрпувачки за неа и нејзиниот сопруг Хари (34), таа посочува дека тие се „среќни и благословени“ со детската радост.

 

 

Додека била на породилно отсуство, откако Миа се родила во мај 2020 година, Џесика во октомври дознала дека е бремена и набргу потоа дека чека тројки.

Loading...

– Ми кажаа на ултразвук дека ќе родам близнаци и тоа доста ме шокираше. Тогаш докторот продолжи да погледа поубаво и ми рече дека всушност носам три бебиња. Се прашував како е тоа можно и едвај чекав да се вратам дома за да му кажам на сопругот. Отпрвин не веруваше, а потоа почна да се радува како никогаш досега во својот живот – рекла Џесика.

Двојката има уште едно дете-осумгодишната Моли, а трите новородени бебиња се викаат Ела, Џорџ и Оливија.

Leave a Reply