Жена од северот на Виетнам родила бебе тешко дури 7,1 килограм и така соборила рекорд во оваа земја, пренесуваат тамошните медиуми.
Родителите, разбирливо, биле шокирани со приновата, а таткото на почетокот не верувал на лекарите.
– Се запрепастив кога ми рекоа дека син ми е тежок 7,1 килограм затоа што резултатите од ултразвукот предвидуваа тежина од околу пет килограми, рекол гордиот татко Тран Ван Кван.


