Роденденската торта на Бајден со 81 свеќа стана хит на мрежите

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна го прослави својот 81 роденден, а фотографијата на која позира со торта стана тема на бројни шеги и мемиња на социјалните мрежи.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Biden (@joebiden)

 

Имено, Бајден насмеан позираше со роденденска торта на која беа запалени 81 свеќа. Бидејќи ги имаше толку многу на мала област, свеќите се споија во голем пламен.

За тоа се пошегува и самиот американски претседател.

„Ви благодарам на сите за роденденските желби. Излезе дека на вашиот 146 роденден ви снемува место за свеќи“, напиша тој во описот, а следбениците брзо се надоврзаа во коментарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон двојно го зголеми бројот на медиумски организации кои мора да ги напуштат канцелариите

„Кој решил да се пошегува со годините нека добие покачување“, „Дали таа торта треба да ја претставува Америка денес“, „Дајте му покачување на неговиот асистент на социјалните мрежи“, „Оваа торта изгледа како неговата крајна дестинација“, се дел од коментарите. а реакции се појавија и на X платформата.

Loading...

Инаку, Бајден е веќе најстариот претседател во американската историја, а доколку добие втор мандат, што би сакал, ќе има 86 години кога ќе ја напушти Белата куќа.

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непоколеблива поддршка за МКС и покрај санкциите на Трамп

 

 

Loading...