Роден е без раце и нозе, но тоа не ги спречува неговите секојдневни активности (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Единаесетгодишниот Тијо Сатирот од Западна Јава во Индонезија  роден без екстремитети, но тоа не го спречило да биде подвижен и самостоен и себе си да си овозможи исполнет живот со разни случувања.

Тој ужива и во плеј-стешјн. Со брадата ги управува контролите и може да парира на соиграчите кои имаат раце и со нив играат игри.

 

Loading...

 

Меѓутоа, животот не го штедел момчето. Депресијата и несигурноста која во текот на раното детство ја стекнал го навела да не сака да оди на училиште. Но, бидејќи е силна личност ги надминал тие препреки и тргнал редовно во училиште за лица со дисабилитет.

Според зборовите на управата на училиштето. Тијо е доста интелигентен и одличен ученик, а посебно добар во математика и религија.

 

 

Тијо го прифатиле и другите деца во училиштето и видјеќи е весел и постојано се смее, секогаш е опкружен со другари, а омилен е и меѓу наставниците. Се движи самостојно, како фока, и брзо може да стигне каде посака.

Неговата мајка истакнува дека се гордее со него и дека воопшто не била свесна за состојбата на своето бебе додека била трудна. Таа вели дека никој не и кажал дека бебето нема екстреминети, па дури ниту кога бебето се родило. Семејството во полноќ, кога имало малку лекари, детето веднаш го повиле и однеле, а кога утредента и го покажале доживеала шок, пишува „Дејли Мејл“.

Порати тоа што состојбата на Тијо бара нејзино целосно внимание, таа не може да работи, па прима помош од државата, но како Тијо станува се посамостоен има надеж дека и ова семејство, кое има уште две деца, ќе може финансиски да биде понезависно.

https://www.youtube.com/watch?v=hDZr9cRzhMk