Предметот „Диво насеље“ ќе се зголеми, однсоно освен 29-те осомничени од лани ќе добијат друштво од дополнителни осум лица кои се сомничат дека им биле логистичка поддршка. Вака одлучи денес Судскиот совет на скопската единица каде се води оваа судска постапка.
Тоа значи дека процесот ќе започна повторно од почетокот, односно одново ќе с ечита обвинителниот акт и ќе се бара сите да се изјаснат дали се виновни.
Во овој предмет сега има 37 обвинети, 15 адвокати, затворско обезбедување, плус полициско обезбедување, новинари, роднини и пријатели на обвинетите. Истакнувам дека Основниот суд Скопје 1 нема услови да обезбеди толку голема сала. За следното рочиште кое е закажано за 19 овој месец се надевам дека ќе обезбедиме голема сала – истакна судијката Верка Петковска која раководи со постапката.
Дел од адвокатите се побунија зошто се спојуваат предметите дури сега. Се сомневаат дека некој не сака да заврши овој предмет и да се дознае вистината за ланската мини војна во Куманово, пишува порталот ПлусИнфо.