Европската роботска рака (ЕРА) ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 15 јули, а нејзиното пристигнување се очекува на 23 јули.
Ова ќе се случи по 20 години одложувања предизвикани од технички проблеми.
Роботската рака е долга 11 метри, и има можност да се „закотви“ надвор од ISS и да се движи помеѓу фиксни точки.
ЕРА исто така ќе им помага на астронаутите за време на прошетките во вселената, а исто така може да помогне при инсталирање и замена на елементи од надворешната страна на ISS.
Раката има седум зглобови и ќе може да се справи со товар тежок неколку тони. Подвижната рака ќе ја намали потребата за прошетки во вселената, но исто така ќе превезува астронаути како кран кога е потребно.
Со роботот ќе можат да управуваат астронаути од внатре и надвор од ISS, а исто така може да се репрограмира за одредени функции. Исто така, содржи инфрацрвени камери кои можат да помогнат во проверка на ISS однадвор.
Развојот на роботот во голема мерка беше финансиран од холандската влада, а беше направен од конзорциум на европски компании, вклучувајќи ги Airbus Defence, Space Netherlands и ESA.