Роботска косилка запленета на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

При контрола на швајцарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, на задното седиште на возилото била пронајдена една роботска косилка, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

Непријавената косилка, како што појаснуваат од таму, е привремено задржана, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply