Лекарите роботи се посупешни од луѓето во дијагностифицирање на рак на грло од матка во почетен стадиум, тврдат американските медиуми.
Ракот на грлото од матката е четврти најчест тумор во светот.
Во текот на 2018 година забележани се 570.000 такви слуачи, наведува Светската здравствена организација.
Во богатите земји напредок во откривањето и кампањи за вакцинирање против ХПВ вирусот, кој е повразн со ракот, ја намалуваат смртноста.
Меѓутоа, успехот изостанвуа во сиромашните земји, во кои, според податоците на СЗО од 2012 година, забележана е голема смртност од рак на грло на матка.
– Тој рак сега е болест на сиромашните, вели марк Шифмен, автор на студијата и доктор на Националниот институт за рак во Вашингтон.
Тој истакнува дека науката се обидува да пронајде крајни пристапни, прецизни методи, за да де делува против ракот со вакцина или едноставни техники, на пример користење на смартфон.
Екипата која Шифмен ја води развила алгоритам врз основа на архива од 60.000 снимки на рак на грло на матката собрани во Костарика во деведесеттите години од миантиот век.
Вкупно 9.400 жени учествувале во студијата и било следено со години, а некои и за време од 18 години, што на лекарите им овозможило да го проверат секој рак кој се јавувал меѓу нив со снимките изработени пред болеста, пренесуваат научните поргали.
Алгоритамот, како дел од вештачката интелигенција, визуелно орктил предканцерогени клетки во 91 отсто од случаите, пишува во студијата.
Успехот во дијагностификацијата која ја врши човекот изнесува 69 отсто, а дијагнозата со конвенционални прегледи каков што е Пап тестот е успешна во 71 отсто од случаите.