Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, офоцијално ја објави својата кандидатура за претседател на САД 2024 година, пренесува Анадолија.
„Денес дојдов овде да ја објавам мојата кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави“, рече Кенеди на почетокот на кампањата во Бостон.
На 6 април, Кенеди официјално ја поднесе својата документација за кандидатурата до Федералната изборна комисија.
Антиваксерски ставови
Познат по неговите анти-ваксерски активности, Кенеди стана третиот демократ кој влезе во претседателската трка во 2024 година, придружувајќи им се на актуелниот претседател Џо Бајден и авторката Маријана Вилијамсон.
Кенеди е син на поранешниот јавен обвинител на САД и внук на претседателскиот кандидат Роберт Кенеди, кој беше убиен во 1968 година во Лос Анџелес.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, поранешната амбасадорка во ОН Ники Хејли, поранешната гувернерка на Арканзас Аса Хачинсон и милионерот претприемач Вивек Рамасвами се меѓу републиканските кандидати.