Русија го транспортираше соборениот сириски претседател Башар ал Асад на „најбезбеден начин“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Рјабков, во интервју емитувано во вторникот за NBC News.
Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија.
„Тој е осигуран и тоа покажува дека Русија се однесува како што треба во оваа ситуација“, изјави Рјабков за NBC.
Тој додаде дека нема да елаборира „што се случило и како е решено“, пренесува N1 Загреб.
На прашањето дали Русија ќе го предаде Асад на судење, Рјабков рече дека Русија не е страна на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд.
Москва ја поддржува Сирија уште од раните денови на Студената војна, признавајќи ја нејзината независност во 1944 година кога Дамаск се обиде да ја собори француската колонијална власт. Западот ја гледаше Сирија како советски сателит.
Во вторникот Мохамед ал Башир објави дека ја презема функцијата привремен премиер со поддршка на поранешните бунтовници кои го соборија Асад.