Рјабков: Конфликтот во Украина нема да се реши за 100 дена без реален пристап на САД

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека конфликтот во Украина нема да може да се реши за 100 дена доколку американскиот пристап не се заснова на реални основи.

Loading...

Рјабков за ТАСС изјави дека би било важно да се види на која основа САД ќе тргнат кон решавање на конфликтот.

Според него, ако се бројат само неодамнешните сигнали од Вашингтон, решавањето на конфликтот на краток рок не е реално.

„Ако Вашингтон е пореален во својот пристап, можеби ќе започне некој процес, но брзината на тој процес е тешко да се предвиди“, додаде Рјабков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Пожар во рафинерија за нафта по напад со дрон

Тој се повика на извештајот на Wall Street Journal според кој американскиот претседател Доналд Трамп го задолжил својот специјален пратеник Кит Келог да го прекине конфликтот во Украина во рок од 100 дена.

Според проценките, постигнувањето договор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде многу потешка задача отколку што очекуваше Трамп за време на изборната кампања, кога изјави дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата, пренесува Танјуг.