Ристовски: „Акција 21“ е план за борба против корупција

Сподели со своите пријатели

„Акција 21“ се нарекува планот за борба против корупција која го презентираше државниот врв, а денеска за граѓаните на Куманово го претстави и Дарко Ристовски – претседател на комисија за финасии на Општинската организација на СДСМ.

Loading...

Според Ристовски, претстои неповторлив период во кој ќе се фокусираат на создавање на стандарди дома кои ќе допринесат да се изгради едно поправедно општество.

– Државата чекори напред и потребно е да создадеме услови за брз и правилен развој. Стандардите ќе бидат со со цел да се воспостави контрола и ред во давање  на услугите кон граѓаните и транспарентно работење на сите функционери и државни институции. Планот по кој ќе се водиме го нарековме – Акција 21 – План за борба против корупција, рече тој.

Планот, како што вели, опфаќа повеќе квалитативни мерки:

Меѓу нив би ги издвоил: Дигитализација на матичните книги и издавање на електронски изводи од матичните книги, Усогласување на законодавството во областа на дигитализацијата како механизам за борба против корупција, Воспоставување на електронски систем за инспекција   „Е-инспектор“, Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот  2021-2023 и формирање на Национална комисија за следење на акцискиот план на стратегијата, Измена  на законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Изготвување на  измени и дополнување на законот за користење и располагање со стварите  во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, План за изменување и дополнување на Прописите поврзани со работата на   административните службеници и  вработените во јавниот сектор, Создавање на Централна база за издавање на лиценци и дозволи, Усвојување на нов и порименлив кодекс на Етичко однесување на административни службеници, изјави Ристовски.

Овие мерки и одлуки кои ќе се спроведат  во следниов период , според Ристовски, ќе овозможат граѓаните да се чувствуваат посигурно, а институциите и функционерите да работат одговорно.

Никола Ивановски

Leave a Reply