Велика Британија остро ја осуди егзекуцијата во Иран на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари и го нарече „варварски чин што нема да остане неказнет“.
Loading...
„Згрозен сум од егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари во Иран“, напиша на Твитер британскиот премиер Риши Сунак.
Тој нагласи дека тоа е „безобразен и кукавички чин“ извршен од „варварски режим“ кој, како што рече, „не ги почитува човековите права на сопствениот народ“.
Иран го погуби иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари, кој беше осуден на смрт за шпионажа, објави државната новинска агенција Мизан, цитирана од Ројтерс.