Рибиното масло ја подобрува меморијата

Сподели со своите пријатели

Масните киселини кои се наоѓаат во рибата и морските плодови можат да ја зголемат меморијата за неверојатни 15 проценти! Рибата е храна која е многу важна за одржување на  здравјето на мозокот и за спречување на деменција.

Исхраната која вклучува често конзумирање на риба како лосос и пастрмка значително ја подобрува меморија, велат научниците. Се верува дека на есенцијални масни киселини помагаат во спречување на Алцхајмеровата болест, еден од најчестите облици на деменција, кој се карактеризира со намалување на менталните способности како меморијата и резонирањето.

„Ова е првата студија која покажа дека рибиното масло може да подобри некои аспекти на меморијата кај здравите млади лица. Оние млади лица кои често конзумираат риба и морски плодови се подобри во секојдневните активности како што се работа, возење, шопинг, учење, спортски активности … Одржувањето на здравјето на мозокот е исто толку важно како одржувањето на физичкото здравје“, вели главниот истражувач професор Велма Масеио Стоунхаус од Универзитетот во Нов Зеланд.

Омега-3 масните киселини се едни од најконцентрираните масти во мозокот и познато е дека играат клучна улога во структурата и функционирањето на мозокот. Но телото не може ефикасно да ги создаде сите потребни масни киселини, па тие мора да ги внесуваме како дел од исхраната. Истражувачите забележале дека оние лица кои не јадат доволно риба и морски плодови имаат помала ефикасност на мозокот и помала меморија.

Затоа, експертите советуваат најмалку две порции риба неделно, од кои барем едната треба да биде мрсна риба која е многу богата со омега 3 киселини.