РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали Американците слетале на Месечината?

Сподели со своите пријатели

Астронаутит Нил Армстронг и Едвин Олдрин поставила модул на бродот „Аполо 11“ на површината на Месечината на 20. јули 1969 година.

Повеќе од половина од Русите (57 отсто) не веруваат дека американските астронаути во 1969. година слетале на Месечината и сметаат дека американските власти фалсификувале материјали за експедицијата, покажуваат анкетите на Центарот за истражување на јавно мислење „VCIOM“.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

Во истражувањето се наведува дека 65 отсто од луѓето кои не веруваат во вистинитоста на слетување имаат средно образование. Вкупно 24 отсто од испитаниците веруваат дека Американците навистина биле на Месечината.

Исто така анкетата на „VCIOM“ покажала дека 45 отсто од Русите веруваат во постоење на вонземјани. Уште 42 отсто од испитаниците мислат дека вонземјаните не ја посетуваат Земјата или дека не постојат.

МИСТЕРИЈА: Двајца астронаути пред 49 години слетале на Месечината, но кој ги фотографирал заедно?

Апсолутното мнозинство од испитаниците (93 отсто- сметаат дека нашата планета има форма на топка, но 3 отсто до Русите веруваат дека Земјата е рамна, а научниците намерно сите ги лажат. За четири отсто од испитаниците било тешко да одговорат на оваа прашање.

Телефонското истражување на „VCIOM“ било спроведено на 29. и 30. мај. Во него учествувале 2.000 испитаници, а статистичката грешка не надминува 2,2 отсто.

Leave a Reply