Резервни делови за трактор запланети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 76 резервни делови за трактори (вретено за волан, лагери, ременик за алтернатор, спојници, осовини, штрафови, дихтунзи и друго), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, непријавените делови, пронајдени во багажникот и помеѓу седиштата на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.