Револуција во Норвешка: Социјалните мрежи се забранети за луѓе на оваа возраст

Сподели со своите пријатели

Норвешка ќе ја зголеми минималната возраст за користење на социјалните мрежи на 15 години, како дел од напорите за заштита на децата од штетна содржина.

Loading...

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стур изјави дека борбата ќе биде тешка, но дека е неопходна политичка интервенција за да се заштитат децата од „моќта на алгоритмите“.

Целта на оваа мерка е да се спречат технолошките гиганти да манипулираат со детскиот мозок.

Норвешка веќе има минимална возраст од 13 години, но статистиката покажува дека овие правила често се кршат – повеќе од половина од деветгодишните и 72% од единаесетгодишните имаат пристап до социјалните медиуми.

Ова е причината зошто владата одлучи да воведе построги мерки, вклучително и измени во Законот за заштита на личните податоци, според кој корисниците ќе треба да имаат над 15 години за да дадат согласност за обработка на податоците.

Ќе се воведе и бариера за проверка на возраста за да се спречат лицата под 15 години да користат социјални медиуми.

Родителска поддршка и заштита на правата

Министерката за деца и семејство Шерсти Топе на средбата со родителите во Ставангер истакна дека оваа мерка е наменета и за поддршка на родителите.

„Сакаме родителите да имаат доверба да кажат „не“. Многумина сакаат да ги забранат социјалните мрежи за своите деца, но немаат доволно поддршка за да го сторат тоа“, рече Топе.

Loading...

Владата истражува начини да ги спроведе овие ограничувања кои не ги нарушуваат човековите права, како што е барањето банкарска сметка за да се потврди возраста.

Оваа иницијатива доаѓа во време кога другите земји размислуваат за слични мерки.

Австралија објави забрана за социјалните медиуми за млади тинејџери, додека Франција тестира забрана за мобилни телефони во училиштата за ученици до 15 години, со можност за национална имплементација од јануари.

Потенцијални ризици од социјалните мрежи

Премиерот Стур истакна дека додека социјалните мрежи можат да им понудат заедница на осамените деца, алгоритмите често создаваат „едностраност и пасивност“ кај корисниците.

Сè се случува пребрзо на екраните, што може негативно да се одрази на децата“, додаде премиерот.

Овој закон е дел од пошироката кампања за зголемување на безбедноста на децата на Интернет и намалување на изложеноста на штетни содржини.