Истражувачи од Темпл Универзитетот примениле CRISPR технологија за лечње на ХИВ ДНК од генетски код на глувци, а експериментот дал позитивни резултати.
Научниците по прв пат од животински организам го исфрлиле ХИВ вирусот. Ова е отворен пат кон клиничко испитување на луѓето и подготовка на оваа техника и за човечки организам.
Резултатите од истражувањето за прв пат во светот го покажале разможувањето на ХИВ вирусот и дека тоа може да биде спречено, а вирусот елиминиран од животинска клетка со помош на техника на модифициран ген под називот CRISPR која е стара шест години, но се уште не е тестирана на луѓе.
За лекување на заразни глувци била користена оваа техника за блокирање на реплиакциите на вирусот и потенцијално спречување на системска инфекција.
Стратегијата која ја користеле била наречена CRISPR и подразбира прецизно откривање на заразното место, отстранување на заразата од ДНК ланецот и замена со нов генетски код.
Истражувачите користеле три „ѓивотински модели“ во новата студија, вклучувајќи и успешен тест на моделот кој вклучува глувци кои имале човекови имуни клетки, кога ХИВ може многу често да помине и недетектиран.
Деугите два модели вклучувале технологија на модифициран ген кај глувци кои штотуку ја добиле инфекцијата, кога ХИВ вирусот активно се шири и кај глувци кои веќе имале хронична инфекција.
Ги потврдивме податоците од претгодните истражувања кога успеавме да елиминираме ХИВ од клетки во лабораториски услови со помош на технологија на модифициран ген – изјавиле истражувачите од Темпл и Питсбург Универзитет.
Трајниот лек за ХИВ до сега бил невозможен затоа што вирусот во поедини клетки можел да ја одржува инфекцијата. Антивиралните лекови успеваат да го намалат размножувањето на вирусот така да смао мал број имуни клетки имале инфекција, но ако престане нивното земање, скриениот вирус повторно започнува да се шири и продолжува да го уништува човечкиот организам.
Loading...