РЕВОЛУЦИЈА: Научниците направија срце од листови спанаќ (видео)

Сподели со своите пријатели

Научниците од три американски универзитети успеале да искористат систем за пренесување на течности во листовите од спанаќ и да направат функционално човечко срцево ткиво.

И покрај развојот на техниката на 3Д печатачи, научниците однеодамна мака мачеа со правење разгранети мрежи на крвни садови. Сепак група американски истражувачи успеала да го реши овој проблем со употреба на обичен лист спанаќ, така што растителното ткиво било претворено во човечко, пишува „Индепендент“.

Тие во текот на едно истражување дошле до заклучок дека растенијат апретставуваат одличен начин за реконструкција на системот во човечкиот организма кои пренесуваат крв. Иако, кај многу луѓе и животни телесните течности и хемиски супстанци се пренесуваат на поинаов начин, структурите кои се задолжени за тоа се слични.

За да направат вештачко срце, првин извлекле растителни клетки од листови спанаќ, а потоа низ мрежа од целулоза вбризгале течности, пластични топчиња како крвни клетки и живи човекови клетки од срцето, кои формирале ткиво.

Оваа техника еден ден би можела да доведе до одгледување здрави срцеви мускули или подобрување на третманите кои моментално стојат на располагање на пациентите кои доживуваат срцев удар.

Резултатите на истражувањето ќе бидат објавени во мај годинава.

Loading...