Ретоспектива на Фотоколонијата „Старо Нагоричане 2016 – 2019“

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“  – Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде отворена Ретроспективната изложба на уметничка фотографија од Фотоколонијата „Старо Нагоричане 2016 – 2019“.

Loading...

 

 

Изложбата, како што информираат од установата, содржи триесеттина фотографии од исто толку автори – фотографи од целиот Балкан, учесници на колонијата.

 

 

Loading...

Настанот е организиран од Фото секцијата „Ф 7“ од Куманово и координаторот Душан Доцевски а посетителите, следејќи ги пропишаните здравствени протоколи, ќе можат да ја погледаат оваа изложба секој работен ден до 4.03.2021.

Никола Ивановски

Leave a Reply