Владата неодамна воведе неколку нови ограничувања, фокусирајќи се првенствено на пропусницата за вакцинација одобрена од францускиот парламент и Уставниот совет минатата недела.
На луѓето кои не биле вакцинирани против ковид-19 во Франција повеќе не им е дозволен пристап до ресторани, барови, туристички места и спортски објекти, освен ако неодамна не го прележале вирусот.
Новиот закон, кој стапи на сила денеска, бара пропусница за вакцинација, која зазема централен дел во владината стратегија против коронавирусот, пренесува агенцијата АП.
Франција има најголем дневен број на заразени во Европа, а болниците сè уште се полни со луѓе со вирусот, иако бројот на луѓе во единиците за интензивна нега е намален во последните денови.
Владата неодамна воведе неколку нови ограничувања, фокусирајќи се првенствено на пропусницата за вакцинација одобрена од францускиот парламент и Уставниот совет минатата недела.
Сепак, критичарите се сомневаат во ефективноста на одобрението во земја каде што 94 отсто од возрасните Французи примиле барем една доза од вакцината, а некои групи одржаа протести против новиот закон во саботата.