Решена мистеријата за „колибата“ на темната страна на Месечината: Еве за што се работи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинески ровер конечно се доближи доволно блиску за да истражи објект со необичен облик забележан на спротивната страна од Месечината минатата година.

Loading...

Откритието на мрежите беше наречено „мистериозна колиба“.

Сликата на сивиот објект во облик на коцка на лунарниот хоризонт беше објавена од „Our Space“, канал поврзан со кинеската национална вселенска администрација (CNSA), на почетокот на минатиот месец, пренесува RT.

Фотографијата е направена од кинески ровер Јута-2 додека го преминал големиот кратер Фон Карман. Тогаш беше објавено дека на роверот ќе му требаат два до три месеци за да стигне до објектот.

Додека Јута-2 патуваше, луѓето на интернетот го нарекоа објектот „мистериозна колиба“, сугерирајќи дека може да биде и „палата на Месечината“ или база на вонземјани.

Вистината беше откриена во петокот, кога „Our space“ објави видео одблиску од она што се испостави дека е обична карпа која лежи на работ од кратерот.

Сепак, карпата имала необична форма, забележува изданието, додавајќи дека тимот што го контролира роверот од Земјата го нарекол „зајак од жад“.

– Толку е неверојатно што е брилијантно, напиша на Твитер Ендрју Џонс, новинар кој ја покрива кинеската вселенска програма.

Loading...

Јута-2 слета на Месечината во 2019 година како дел од кинеската мисија Chang’e-4. Тоа е првиот ровер кој ја истражува страната на Месечината која не е видлива од Земјата.