Републиканците го критикуваат Фокс њуз за прилозите за немирите во Капитол

Сподели со своите пријатели

Демократите во американскиот Сенат, како и високи републикански функционери го критикуваа „Фокс њуз“ откако оваа телевизија прикажа досега необјавени снимки од немирите пред две години во Конгресот, со кои се минимизира нивната насилна природа, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Во понеделникот, водителот на Фокс, Такер Карлсон, искористи дел од снимките од безбедносните камери на кои се прикажани демонстранти како шетаат низ Капитол, тврдејќи дека тие само „гледаат наоколу“.

Карлсон изјави дека само мал дел од оние кои илегално влегле во Капитол, додека Конгресот се обидувал официјално да ја потврди изборната победа на американскиот претседател Џозеф Бајден во 2020 година, биле „хулигани“, но дека огромното мнозинство не биле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова книга открива како Бајден ја запрел украинската офанзива

Високиот републиканец во Конгресот, претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, на новинарот на Фокс њуз му дал ексклузивен пристап до видеото, но некои од неговите сопартијци велат дека водителот на Фокс погрешно го опишал нападот врз Капитол, јавува Би-Би-Си.

Водачот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, рече дека е грешка на Фокс њуз да ја претстави приказната на начин што целосно се спротивставува на извештајот на највисокиот безбедносен претставник на Капитол за немирите.

Меконел посочи на внатрешен меморандум од началникот на полицијата во Капитол, Том Мангер, чија канцеларија е одговорна за заштита на зградите каде што се состануваат американските пратеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инаугурацијата на Трамп „потенцијална цел“ за напади од екстремисти

Критиките за понеделничкиот дел пристигнаа од демократите, шефот на полицијата во Капитол и семејството на офицер чија смрт Карлсон ја спомна во емисијата.

Водачот на демократското мнозинство на американскиот Сенат, Чак Шумер, го обвини Мекарти во вторникот дека му помага на Фокс њуз да ги поттикне теориите на заговор преку обезбедување на видео снимки што кабелската мрежа ги користеше за да ги прикаже немирите во Капитол на 6 јануари како мирен протест.

Loading...

Мекарти, кој им кажа на новинарите дека не го видел извештајот на Фокс њуз, рече дека не жали за неговата одлука да ја објави снимката, додавајќи дека тоа е направено во интерес на транспарентноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стив Бенон за Трамп: Следниот понеделник започнуваат деновите на грмотевици

Околу 1.000 луѓе се уапсени досега во врска со немирите на 6 јануари, од кои повеќето се обвинети за незаконско влегување или престој во федерална зграда, соопшти Министерството за правда.

Повеќе од 300 се обвинети за напад, давање отпор или попречување на службеник или вработен, вклучително и повеќе од 100 кои се обвинети за употреба на смртоносно или опасно оружје или за нанесување тешки телесни повреди на полицаец, наведува Би-Би-Си.