Дваесет и едногодишната Катарина Косановиќ од Србија ќе застане на голот на Женскиот ракометен клуб Куманово во претстојната сезона.
Loading...
Косановиќ има настапувано на Европското јуниорско првенство за репрезентацијата на Србија, а доаѓа од екипата на Херцлиа од Израел каде настапуваше изминатите две сезони.
Вицепрвакот, освен со Косановиќ се засили и со Медеа Чокели, а договорот го обнови репрезентативката на Македонија, Александра Боризовска.
Во пресрет на засилувањата за претстојната сезона во која освен на домашна ЖРК Куманово ќе се натпреварува и на меѓународна сцена, на кормилото на тимот застанува селекторот Симе Симевски.