Репортери без граници бараат преминот Рафах да биде отворен за новинарите

Сподели со своите пријатели

Невладината организација Репортери без граници повика Рафах, граничниот премин меѓу Египет и Појасот Газа, да биде отворен за новинарите додека израелската армија ги проширува своите копнени операции на целата палестинска територија.

Loading...

Тој граничен премин на југот на Појасот Газа го контролираат Палестинците и Египќаните, но во соопштението на РСФ се вели дека „Израел ги следи сите активности на јужната граница и од почетокот на војната четири пати ја бомбардираше граничната порта“.

Во соопштението се повикуваат израелските и египетските власти да ги „отворат вратите“ на граничниот премин „за новинарите конечно да одат на двете страни на границата“.

Се нагласува и дека новинарите кои морале да се евакуираат од север добиле наредба од Израел да се соберат на границата со Египет, а немаат можност да ја преминат, а странските новинари се спречени да влезат во Газа.

За време на двомесечната војна, на ниту еден новинар не му беше дозволено да влезе во Појасот Газа преку Рафах, „што јасно ја поткопува способноста на медиумите да известуваат за конфликтот“, се додава во соопштението.

Педесет и осум новинари беа убиени во Газа, вклучително и 14 на должност во израелските напади, се потсетува во соопштението.

Како одговор на нападот на 7 октомври, во кој загинаа над 1.200 луѓе, Израел вети дека ќе го уништи Хамас, владејачката партија во Газа и ја бомбардираше опколената територија и започна копнена операција.

Според податоците на локалното министерство, во израелското бомбардирање загинале 16.248 лица, од кои над 70 отсто жени и малолетници.

Loading...