Репортер заплака во програма во живо додека известуваше за Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Клајв Мајри, репортер на Би-Би-Си, се расплака во програмата во живо додека известуваше од Киев.

Клајв Мајри бил пред манастирот Свети Михаил, додека околу него се слушале сирени.

На гледачите им порача дека „се водат жестоки битки“. Потоа му се јави на колегата, а од окото му излезе солза.

Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи.

„Бесмислена војна плаче дури и искусен воен репортер“, „Ова е необично“, „Изгледа многу загрижен“, „Се надевам дека е добро“, „Дали навистина плачеше?“ се само дел од коментарите на Твитер.

Потсетуваме дека денеска е трет ден од руската инвазија на Украина. Руските сили напаѓаат од повеќе правци.