Еден инсект стана вирален откако „се искачи“ на репортерот на Си-Ен-Ен од американскиот Конгрес, Ману Раџу, додека се подготвувал за вклучување. Пред да почувствува како нешто лази околу неговиот врат, снимателот и остатокот од екипажот можеле да видат како инсект се качува по сакото.
Со движењето на раката со кое го „избрка“ инсектот, Ману викнал, толку драматично што другите почнале да се смеат, прашувајќи го тимот дали има некој друг инсект на себе.
– О Боже! Што е ова?! Имам ли уште некој на мене? – извика Раџу свртувајќи се за да можат колегите да му го видат грбот. – Од каде потекнуваат? – праша, гледајќи нагоре.
Раџу зборуваше за инцидентот со инсектот во емисијата на Си-Ен-Ен „Нов ден“.
– Контекстот е многу важен тука. Неколку минути претходно, од џебот излезе уште еден инсект, за што ме извести продуцентот. Бев внатре, а околу половина час порано разговарав со политичар надвор, можеби тогаш инсектот „се искачи“ на мене. Мислев дека кабелот од микрофонот ме скокотка, кога ја видов оваа гнаса – рече Раџу.
JUST NOW: “The context is important here.”@mkraju with his first public comments after he found the strength to survive an on-camera #CicadaAttack.@NewDaypic.twitter.com/Wi4Kspassl
— John Berman (@JohnBerman) May 28, 2021