Во кумановското основно училиште „Христијан Карпош“ заврши обновата на подови на пет училници, информираа денеска надлежните од училиштето.
За реконструкцијата на подовите во петте училници на централната зграда на училиштето кое се наоѓа во населбата Перо Чичо, општина Куманово одвои 600.000 денари.

– Јавниот повик за прибирање на понуди за реконструкција на подовите беше објавен кон крајот на јуни, годинава. Во четири училници се поставени и нови врати, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Претходно, директорката на училиштето, Лидија Костиќ информираше дека Советот на општината ја видел потребата од реализација на проектот и со поддршка на градоначалникот одлучил да додели буџет од 600.000 денари за реконструкција на подови во пет училници и очекува дека ќе се подобрат условите за работа и изведување на наставата.

-Во ова училиште кое едно од најголемите во државата, настава следат околу 1.200 ученици.

Проектот првин беше презентиран на форумските сесии во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ чија цел беше воведување и оспособување на тимовите за чекорите и содржините за изработка на квалитетни проекти. Советниците уште тогаш најавија дека ќе се обидат да дадат поддршка на проектите во кои е опфатена и социјална димензија.
МИА

