Реновирајќи го домот откриле вистински ХОРОР (видео)

Сподели со своите пријатели

Семејство од Сан Франциско се шокирало кога слушнале што пронашле работниците кои им го реновирале домот.

Мајсторите под подот пронашле детски мртовечки ковчег со стаклен капак. Низ него јасно се гледало тело на двегодишно девојче. Шокирани, им се смачило, а некои и повраќале. Се прашале какво е тоа дете. Вистината е откриена дури година дена подоцна.

Ковчегот кој го пронашле бил од 19 век. Бил херметички затворен и телото во него остнаало целосно сочувано. Низ стаклото можело да се види лице на девојче која држи букет цвеќе во рацете.

Ерика Карнер сопственичка на куќата во која е пронајден ковчегот повикала полиција и организаија која погребува неидентификувани и напуштени деца. Се испоставило дека земјиштето на кое е изграден нејзиниот дом биле гробишта се до 1930 година.

Потоа просторот бил преуреден за станување, а гробовите пренесени на друго место. Очигледно овој мал ковчег бил заборавен.

Со помош на документација од локалните гробишта девојчето било идентификувано. Нејзиното име е Едит Хауард Кук и починала на 13.10.1876 година во својата втора година од животот. Отркеино е дека има и роднина кој се уште е жив, внук на нејзиниот брат Питер Кук.

Ја пронајдов роднината за која и не знаев дека постоела. Ова е многу тажно, тоа девојче немало ниту три години – рекол Питер.

Причинта за смртта на девојчето не е откриена, но се претпоставува дека починала од инфективно заболување. Сега кога е идентификувана, одлучено е да ја погребаат и да и направат споменик со нејзино име и фотографија.

Loading...