Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска го обвни Министерството за финансии дека скоро еден месец не се извршени исплати кон граѓаните за породилно боледување, правата од социјална заштита, средства за здравствено осигурување и други социјални надоместоци.
Со реакција на изјавата на Ременски се јави и Министерството за финансии:
Тврдењата на техничкиот министер за труд и социјала Ременски се неточни и очигледно станува збор за уште еден обид да се манипулира јавноста како дел од нечија политичка агенда, пишува во својата реакција Министерството за финансии.
Министерката Ременски сепак обвинува дека 12 милиони евра, пари наменети за граѓаните стојат во трезорот.