Рекордот е 25 секунди: Дали можете побрзо да најдете пингвин кој држи шолја топло чоколадо?

Сподели со своите пријатели

Уметникот кој стои зад некои од најпопуларните загатки на интернет сподели сосема нова загатка која ги мачи корисниците на социјалните мрежи, пишува Дејли мејл.

 

 

Унгарскиот карикатурист Гергели Дудаш, попознат како Дудолф, оваа недела на својата Фејсбук страница го одбележа почетокот на 2022 година со нова интересна загатка. Целта во морето пингвини е да се најде оној што држи шолја топло чоколадо, а рекордот што треба да се сруши е – 25 секунди.