Рекордно висока температура на океаните и во 2022 година

Сподели со своите пријатели

Температурата на океаните во светот е рекордно висока четврта година по ред во 2022 година, што е загрижувачки знак за климатската криза предизвикана од емисијата на гасови кои придонесуваат за затоплување на атмосферата, пренесува CNN.

Loading...

Студијата на тим од научници од 16 институти ширум светот покажа дека океанот бил рекордно топол во пет од изминатите шест години и дека се загрева побрзо.

Студијата објавена вчера во списанието Advances in Atmospheric Sciences (Advances in Atmospheric Sciences) ги испитуваше температурите на океаните од неговата површина до длабочина од 2.000 метри и ги спореди со податоците од 1950-тите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Собрани над 700.000 потписи за номинација на Лукашенко за претседател

Во придружното соопштение за печатот се наведува дека резултатите се загрижувачки и дека на „светското здравје, кое може да се мери според состојбата на океаните, му е потребен лекар“.

Од 1970 година, повеќе од 90 отсто од вишокот на топлина на планетата оди во океаните, се вели во студијата.

Научниците рекоа дека глобалниот тренд на долгорочно затоплување сега е толку стабилен и силен што температурите достигнуваат рекордно високо ниво секоја година.

„Додека не достигнеме нето нула емисии, тоа затоплување ќе продолжи и ќе продолжиме да ги уриваме рекордите на температурата на океаните, како што направивме оваа година. Подобрата свест и разбирање на океаните е основа за акција за борба против климатските промени“, рече професор на Универзитетот во Пенсилванија и еден од авторите на студијата Мајкл Ман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

Затоплувањето на океаните има големо влијание врз животите на милиони луѓе и влијае на временските модели, што резултира со посилни бури, урагани и поинтензивни врнежи, па дури и помагаат бурите да се интензивираат побрзо, како што се случи со ураганот Иан, кој ги погоди Карибите и Флорида во крајот на септември.

Loading...

Зголемувањето на температурите, исто така, значи дека водите на океаните имаат помалку кислород, што влијае на морскиот живот, штети на рибарските заедници и нивните економии.