Рекордни снежни врнежи во Сеул, сообраќајот во застој, откажани летови, илјадници без струја

Сподели со своите пријатели

Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денеска ги забележа најобилните ноемвриски снежни врнежи досега, а лошите временски услови го забавуваат сообраќајот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија и откажување на стотици летови, додека властите најавија дека се подготвуваат за нови врнежи од снег во наредните денови.

Loading...

Најмалку две лица загинаа во сообраќајни несреќи на автопатите источно од главниот град, додека делови од објекти кои паѓаа од згради и градилишта поради силните ветрови повредија некои пешаци во Сеул, јавува Ројтерс повикувајќи се на јужнокорејски медиуми.

Постудениот воздух од северозапад го претвори дождот во снег во текот на ноќта, формирајќи снежна обвивка од 18 сантиметри по локално време, што е најобилните снежни врнежи во Сеул од почетокот на евиденцијата во 1907 година, соопшти јужнокорејската метеоролошка агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Туск: Ќе побарам заедничка акција во однос на безбедноста во Балтичкото Море

Откажани или одложени се над 200 летови, повеќето домашни, бидејќи на аеродромите низ земјата има лоши временски услови, вклучително и силен ветер, а најмалку 70 фериботи кои ги опслужуваат островите се суспендирани, јавува Танјуг.

Струјата беше прекината на илјадници домаќинства во неколку области на Сеул и централниот регион, бидејќи електричните водови беа оштетени од паѓање дрвја и други ефекти поврзани со снежните врнежи, јавуваат јужнокорејските медиуми.