Вредноста на Биткоин достигна нови височини во текот на ноќта, а популарната криптовалута сега вреди над 50.000 долари.
На ова зголемување влијаеа повеќе фактори, а најновиот меѓу нив е секако најавата од Mastercard дека ќе поддржува одредени крипто-валути на нејзината мрежа.
За време на пишувањето, вредноста на Биткоин е околу 51.236 американски долари.
Инвеститорите сè уште се оптимисти кога станува збор за растот на Биткоин, а многумина предлагаат следно зголемување на вредноста на 65.000 долари, доколку вредноста се стабилизира на повеќе од 50.000 долари.
По објавата на Paypal и Mastercard дека планираат да поддржуваат крипто-валути, се очекува нивно уште поголемо прифаќање на мејнстримот.
Се разбира, глобалните финансиски власти се очекува да започнат со регулирање на криптовалутите доколку побарувачката за нив продолжи да расте.
Додека многумина се оптимисти во врска со иднината на Биткоин, многумина исто така стравуваат дека може да се создаде финансиски меур околу криптовалутата, што укажува на порано опаѓање на вредноста на валутата.
Засега, не е можно точно да се предвидат трендовите и што се очекува од Биткоин во наредниот период, со оглед на тоа дека криптовалутата е сè уште нестабилна.