Рекордна инфлација во Австрија, складиштата за гас споро се полнат

Сподели со своите пријатели

Австрија бележи рекордна инфлација уште еден месец по ред, а во јуни, според првата проценка на Заводот за статистика, инфлацијата била 8,7 отсто.

Loading...

Така, инфлацијата достигна највисока вредност од септември 1975 година.

Инаку, во мај инфлацијата беше за 7,7 отсто повисока од пред една година, што веќе беше рекордно ниво.

„Во меѓувреме, зголемувањето на цените ги опфати сите сектори“, вели Тобијас Томас, генерален директор на Заводот за статистика на Австрија.

Тој рече дека покрај новото поскапување на горивата и нафтата за греење, може да се забележи и поскапување во угостителството и храната.

Додека австриската економија, благодарение на ефектот на фаќање, силно расте, реалните плати паѓаат.

Во следната година инфлацијата ќе го запре економскиот раст, но куповната моќ повторно ќе се зголеми, предвидуваат експертите.

Објектите за складирање на резервите на гас во Австрија во моментов не се полнат со посакуваната стапка, поради што министерката за енергетика Леоноре Гевеслер предупреди дека „ситуацијата е сериозна“.

Loading...

Гевеслер во соопштението наведе дека количината на гас насочена кон складиштата е очигледно намалена од вторникот.

Таа најави дека во вторник владата ќе одржи вонредна седница на која ќе се анализира состојбата.

Според првата анализа, причина за ниската стапка на насочување на гасот кон складирање е високата стапка на извоз на гас од Австрија во Италија.

„Ситуацијата е сериозна. Важно е детално да се анализира ситуацијата. Владата во вторник ќе донесе одлуки за евентуалните понатамошни чекори. Проритет секогаш има безбедно снабдување со домаќинства и социјални институции“, подвлече Гевеслер, пренесува Танјуг.

На 30 мај, Австрија прогласи фаза на рано предупредување, прво ниво од планот за итни случаи за гас.

Од Министерството за енергетика посочуваат дека фазата на рано предупредување иницираше сеопфатни подготовки за вонредна ситуација и воведе внимателно следење на снабдувањето со гас.

Австриската влада поставила за цел до почетокот на грејната сезона капацитетот за складирање на гас да биде 80 отсто.

„Доколку таа цел биде загрозена, тогаш Австрија ќе прогласи повисок степен на предупредување, односно вонредна состојба“, соопштуваат од Министерството.

Loading...

За да се постигне целта од 80 проценти зафатеност на складиштето до 1 октомври, потребно е дневно да се инјектираат 368 гигават часови гас или вкупно 33.512 гигават часови.

Во вторник, пак, биле складирани само 70,28 гигават часови гас, а во среда 218,77 гигават часови.

Според податоците на „Austrian Gas Grid Management AG“ (AGGM), во вторник од складиштето Арнолдштајн во Италија биле испратени 505 гигават часови, а во петокот дури 620 гигават часови.

За споредба, во изминатиов месец во Италија се испраќале во просек по 240 гигават часови дневно.