Рекорден број самоубиства во САД

Сподели со своите пријатели

Бројот на смртни случаи од самоубиства во САД достигна рекордно високо ниво во 2022 година.

Повеќе луѓе умреле од самоубиство во САД минатата година отколку во која било друга година досега, според привремените податоци од американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Најмалку 49.449 животи биле изгубени поради намерно самоповредување во 2022 година, или повеќе од 14 смртни случаи на секои 100.000 жители, јавува CNN.

Мажите биле со околу четири пати поголеми шанси да извршат самоубиство од жените, а стапките беа највисоки кај постарите мажи.

Сепак, стапката на женски самоубиства се удвои во 2022 година.

Значително зголемување е забележано кај белите жени и жените на возраст од 25 до 34 години.

Стапката на самоубиства во САД е во пораст во последните неколку децении.

Во 2021 година, властите повикаа на национална стратегија за превенција и издадоа совети фокусирани на заштита на менталното здравје на младите луѓе во услови на скок на стапките на самоубиства.

И покрај целокупното зголемување, привремените податоци од 2022 година покажуваат знаци на подобрување на стапките кај децата и тинејџерите.

Стапката на самоубиства кај децата на возраст од 10 до 14 години се намали за 18 проценти во 2022 година, или две смртни случаи на секои 100.000 деца, а стапката кај оние на возраст од 15 до 24 години падна за девет до околу 14 смртни случаи на секои 100.000 луѓе.