Австралиската држава Нов Јужен Велс забележа нов рекорден број од 919 новозаразени со вирусот во последните 24 часа.
Loading...
Пријавени се и два нови смртни случаи поврзани со „Ковид-19“.
Претходниот дневен рекорд беше поставен во неделата, кога имаше 830 нови случаи, пренесува АП.
Министерот за здравство Бред Хазард рече дека здравствениот систем во најнаселената австралиска држава е под притисок, но дека тој сѐ уште издржува.
Викотрија, соседната австралиска држава и втора најнаселена држава, денеска пријави 45 нови инфекции.
Двете земји во моментов се во строг „локдаун“.